Прашање за недоверба на Владата на Виктор Понта пред романските пратеници

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Романската опозициска Национално-либерална партија в петок, на 5. јуни ќе поднесе гласања за недоверба на левичарската Влада на премиерот Виктор Понта, изјави првиот заменик-претседател на НЛП, Лудовик Орбан.

Тој додаде дека најверојатно гласањето за недоверба на Владата ќе се одржи за две недели.

vlada

Орбан посочи дека во рамките на Социјалдемократската партија и Националниот сојуз за прогрес во Романија, кои се дел од владејачката коалиција „постои длабоко незадоволство од премиерот Виктор Понта и начинот на кој функционира Владата“, но оти не знае дали незадоволството ќе обезбеди гласови да се изгласа недоверба.

Основниот мотив на либералите за интерпелацијата е поради неизменетиот изборен закон. Опозицијата бара измени на изборниот закон откако голем број Романци во странство не успеаја гласаат на претседателските избори во декември 2014 година./МИА