Пратеници ја спречија лидерката на Хонг Конг да зборува во Парламентот

од desk2

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам вчера беше принудена да го прекине својот годишен говор откако некои пратеници и се потсмеваа кога почна да зборува.

Светските агенции коментираат дека откажување на таков говор досега е невидено во парламентот на градот.

Лам, која ги одбива повиците да даде оставка, требаше да објави многу иницијативи за недвижности во рамките на настојувањата да ја обнови довербата во нејзината управа по повеќе од четири месеци антивладини протести.

Продемократските пратеници извикувале „Пет барања, ниту едено помалку“ и го прекинувале говорот на Лам, која е соочена со голем притисок да ја обнови довербата и да ја реши најголемата политичка криза во Хонг Конг во последните децении.

Изразот „Пет барања, ниту едно помалку“ стана еден од повиците за собирање на демонстрантите, a се однесува на нивните пет пет главни барања кои вклучуваат општо право на глас и независна истрага за , како што сметаат, полициска претерана употреба на сила кон демонстранти.

Некои од пратениците носеле и маски со ликот на кинескиот претседател Си Џинпинг, држејќи постери со повици за исполнување на петте барања.

За време на говорот на Лам, пред зградата на Парламентот била распоредена интервентна полиција со подготвен воден топ.

Слични содржини