Пратениците чекаат Џафери да ја закаже седницата за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski
332 прегледи

Се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја закаже пленарната седница на која треба да бидат изгласани Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавните обвинители. Собраниски извори за „Локално“ велат дека седницата најверојатно ќе се одржи утре, но не ја исклучуваат ниту можноста истата да се закаже денеска до полноќ.

 

Извори од мнозинството велат дека одлука на собранискиот спикер ќе биде кога седницата ќе се најде на дневен ред. Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата брифираат дека тие се уште не се известени кога истата би се одржала.

На пленарната седница се чека денеска заврши и втората комисиска расправа за законите. На седницата беше разгледан и одбиен предлогот на пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рушиди, кој предлагаше незаконски стекнатите разговори да бидат доказ во сите предмети кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а по три месеци откако ќе добијат пресуда, материјалите да бидат уништени. „За“ неговиот предлог гласаа четворица пратеници, додека пак деветмина беа “против“.

Амандманот кој го поднесе пратеникот Панчо Минов пак, кој предвидуваше материјалите никогаш повторно да не може да се преслушуваат и да бидат користени во други постапки, не беше прифатен, бидејќи како што кажа пратеникот на ДУИ и претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, не бил доставен согласно собраниските процедури.

Неизвесно е и дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата на која ќе се гласа Законот за Јавно обвинителство, откако нивниот лидер, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека не гледа причина нивната пратеничка група да учествува во работата на Собранието и дека на Извршен комитет ќе одлучат дали воопшто ќе се појавуваат на седници, затоа што денеска не се распушта Парламентот.

А.Т.

Слични содржини