Пратениците на разговори за седницата за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Парламентарните групи без опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги договараат следните чекори, откако Предлог-законот за Јавно обвинителство велзе во собраниска процедура, велат за „Локално“ собраниски извори.

Во моментов, како што дознава „Локално“, течат разговорите, по што ќе се закаже седницата, иако се уште нема договор во колку часот ќе се одржи истата. Потоа, треба да се одржи и седница на Комисијата за европски прашања, на која треба да помине Законот, а која најверојатно ќе се одржи доцна попладнево или утре, по ратификацијата на Протоколот за НАТО.

Неофицијално, една од пратеничките од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласа за Законот, но и без неа, власта има мнозинство од 80 пратеници, со што Законот ќе помине на пленарна седница.

Вчера текстот на Предлог-законот за јавно обвинителство доби зелено светло од Владата. Позитивно за законското решение се изјасниле сите министри освен техничките министри за внатрешни работи и труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.

Александар Тодески

 

Слични содржини