Исландските пратеници кои викендов беа избрани на парламентарните избори ќе добијат зголемување на платата за 44 отсто и ќе примаат 9.000 евра месечно за да бидат финансиски независни, соопшти денеска комисијата задолжена за одредување на платите во јавниот сектор.island-parlament

Комисијата ја сочинуваат пет претставници, тројца од парламентот, еден од Врховниот суд и еден од Министерството за финансии, кои имаат задача да ја одредат платата на пратениците, министрите, судиите и на другите вработени во јавниот сектор на Исланд.

Како што јавуваат исландските медиуми, комисијата оценила дека од суштинско значење е пратениците да бидат финансиски независни, особено по банкарската криза што го погоди Исланд во 2008 година, како и по обелоденувањето на светскиот даночен скандал „Панама пејперс“.

Парламентот на Исланд има 63 пратеника со мандат од четири години и досега при пресметувањето на платата не се земала предвид нивната работа надвор од парламентот.