Физичката активност за време на бременоста е од суштинско значење за здравјето на мајката и бебето. Но, имајќи ја предвид чувствителноста на бременоста вежбите треба да се прават според некои правила.
Кои се тие?
Разговарајте со вашиот лекар
Пред да почнете да правите никакви вежби прво консултирајте се со лекар. Тој ќе ви каже дали состојбата ви овозможува физичка активност и каква точно.
Задолжително загревање
Многу е важно да се прави соодветно загревање. Мускулите и тетивите треба да се добро подготвени за претстојното оптоварување. Ако го пропуштите загревање ќе ви е многу тешко да извршите потешки вежби. Постои опасност да добиете истегнувања, болки, непријатност.
Пијте повеќе вода
Многу е важно да се хидрирате добро пред, за време и после тренингот. На овој начин ќе ја избегнете дехидрацијата, која е директно поврзана со прерани контракции и зголемената телесна температура.
Не правете вежби за грб
Вежбите во лежечка положба на грб се ризични најчесто во напредната бременост. Притискањето на фетусот крие ризик од диспнеа, вртоглавица, силно намален проток на крв во мозокот и срцето со сите последици кои можат да произлезат од оваа состојба.
Фото: iStock
Не злоупотребувајте
Ниту една жена не сака да се здебели за време на бременоста. Колку и добро да се чувствувате сепак не треба да претерувате. Секое преоптоварување е опасно за бебето и мајката. Пренапнатоста може да доведе не само до болки, но и да предизвика предвремено породување.
Одделете време за опуштање
Многу е важно да се релаксираат мускулите после вежбање. Бидејќи срцето исто така е мускул, тоа има потреба од непречено смирување. За целта на крајот на тренингот завршете со одење во место, на патека или нежно истегнување за да го нормализирате пулсот и да се релаксираат мускулите.
Изберете ја вистинската облека
Облеката за вежбање е важна. Таа не мора да биде премногу тесна. Спортска облека од вештачки материјали исто така не е препорачлива поради потењето и крие ризик од прегревање и кожни инфекции.
Стегнатата облека исто така може да ја спречи нормалната циркулација и да доведе до голем број на проблеми поврзани со лошата циркулација на крвта.
По можност носете слободни памучни алишта кои му помагаат на телото да дише слободно за време на тренингот.