Празничната храна докажано може да помогне за подобро расположение

од Elena Daskalova
414 прегледи

Декември и јануари се месеци кога трпезата изобилува со најразновидна празнична храна, која е превкусна.

Во овој период ретко кој може да мисли на диети и здрава исхрана, па затоа опуштете се, но не претерувајте премногу.

Иако се работи за прилично калорична храна подготвена со намирници кои вообичаено не би ги ставиле на своето мени, има нешто смирувачко и орасположувачко во богатата празнична трпеза. Ваквата храна ви ја подобрува менталната состојба и го зголемува лачењето на ендорфин.

Риба и салата со морски плодови

Во деновите кога се пости, рибата и морските плодови се чест избор за празничната трпеза. Оваа храна е богата со омега 3 масни киселини и протеини кои помагаат да се орасположите кога ќе ве зафати меланхолија или анксиозност.

Пити, кифли и леб

Ако цела година сте се држеле настрана од лебот, овој период дозволете си да пробате од вкусните домашни теста. Не ги занемарувајте ни другите јаглехидрати како што се компирите и тиквата.

Парче сочно месо

Било да се работи за свинско, пилешко или мисиркино месо, слободно земете едно парче. Аминокиселините ќе ви помогнат да се релаксирате и да се ослободите од анксиозноста.

Компири

Без разлика дали се работи за помфрит, печени или варени компири, тие имаат огромен потенцијал да ве ослободат од анксиозноста. Јадете ги како прилог или како самостоен оброк.

Десерт

Десертите, особено оние кои содржат ореви, лешници и темно чоколадо го стимулираат лачењето на сератонин, а со тоа и доброто расположение. Внимавајте да не претерувате со количината, но не морате ниту да избегнувате да изедете едно парче вкусна торта или колач.

Топло чоколадо или какао

Какаото е богато со магнезиум и антиоксиданси кои ќе го подигнат вашето расположение веднаш. Додадете малку цимет, а за повеќе возбуда, можете да ставите неколку капки виски или рум.

Слични содржини