„Празник на липите” за славење на поетското творештво

од Марта Пешевска
131 прегледи

Во Друштвото на писатели на Македонија денеска ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.

Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека.

На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи академик Луан Старова.

Како што соопшти ДПМ, манифестацијата потоа ќе продолжи на платото пред црквата Св. Спас (Пивница „Стар град“) со поетско читање на 30-ина поети.