Пред четири години родстерот на Tesla беше лансиран во вселената, знаете ли каде се наоѓа сега?

од Vladimir Zorba

Камерите и музиката одамна се изгаснати, а остатоците од родстерот патуваат.

Беше 6 февруари 2018 година кога ракетата Falcon Heavy го лансираше во вселената родстерот на Tesla со вселенска кукла по име Стармен со песната на Боуви. Набрзо пристигнаа првите вселенски снимки проследени со Space Oddity на Боуви од аудио системот на автомобилот.

Денес, заборавениот родстер сè уште патува низ вселената, а благодарение на Whereisroadster можеме да дознаеме каде се наоѓа. Во моментов се движи кон Марс, со брзина од најмалку 27.000 km/h. Сегашната позиција е оддалечена дури 377 милиони километри од Земјата и околу 320 милиони километри од Марс.

И ако се прашувате што останало од автомобилот, можеби нема да ви се допадне одговорот. Зрачењето си го направи своето, па сите материјали досега се распаднаа. Камерите се исклучиле, а материјалите како кожа, пластика и стакло исчезнале.

Ако аудио системот беше комплетен, Space Oddity ќе одеше по 400.000 пат. Исклучок е алуминиумската рамка на автомобилот, која се уште е недопрена, велат научниците.

Слични содржини