Пред полноќ ДИК ќе има над 50% од првичните резултати

од Nikola Popovski
324 прегледи

Од Државната изборна комисија најавија уште една прес-конференција по завршувањето на гласањето, во 19:30 часот. Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски појасни дека првите резултати од гласањето ќе ги имаат пред полноќ, односно како што рече, над 50% од првичните неофицијални резултати.

Во однос на забелешките и приговорите од гласањето, претседателот на ДИК истакна дека кога одредено лице ќе дојде на гласање, а нема да биде најден на списокот, има право на приговор на лице место, а потоа приговорот доаѓа во ДИК.

-Потоа го бараме во списокот зошто не е таму појавен. Ако е се во ред, со решение му се дозволува да гласа. Гледаме стотина луѓе не се најдени и им се овозможува или неовозможува да гласаат. Го прочистуваме списокот и податоците ги добиваме од Управата за водење на матични книги, соопшти Даштевски.

Слични содржини