Света Гора или Атон е планински полуостров во северна Грција, долг 57 километри и широк 7 – 10 километри. Вкупната површина е 389 километри квадратни. Највисокиот негов врв Атон е со височина 2033 метри.

Според грчкиот устав Света Гора е автономна монашка заедница под грчки суверенитет и седиште на 20 православни манастири. Заедно со манастирите има 12 помали манастири , метоси, како и над 600 ќелии, каливи и катизми. Главен град и административен центар на Света Гора е Карел кој е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт.
Духовно Света Гора е потчинета директно на Цариградската патријаршија во Истанбул.
Населувањето на полуостровот е дозволено само на монасите и општата популација е околу 1400 лица.
Преданието за Света Гора
Според едно старо предание, Света Богородица заедно со Свети Јован тргнале на пат за Јопа во Кипар, за да го посетат Свети Лазар. Одеднаш бродот се ниша, го изгубила својот курс и се нашле на тогашниот сеуште пагански Атон. Поради разбрануваното море бродот потонал во близина на денешниот манастир Ивирон. Божјата мајка останала на брегот и бла заслепена од убавина на планината, ја благословила и замолила ова место да биде нејзина градина. Одеднаш зачула глас: “Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо и спасение за оние кои бараат спасение”. Од тогаш планината е посветена на Света Богородица како нејзина градина, во која не се дозволува присуство на други жени освен Божјата мајка.
Друго места, на кои им е забрането да одат жени
Храмот “Сабаримала” во југозападниот дел на Индија во Керала е недостапен за жени на возраст меѓу 10 и 50 години.
Планината Омине во Јапонија исто е недостапна за жени. Областа се смета за свето место од следбениците на Шугендо, јапонска народна религија и место каде машките му следбеници ја тестираат својата вера преку напнати физички предизвици.