371
На денешната седница е утврден текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот КОВИД-19 врз производството на тутун со кој се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување на финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година.
Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка.