Предвидувањата на баба Ванѓа за 2018 година

од desk2
270 прегледи

Многу пророштва на баба Ванѓа наводно до сега се исполниле. Освен природни катастрофи, таа предвидувала и политички случувања, а има и многу за годините што доаѓаат.

За 2018 година таа предвидува две работи.

Една е дека Кина ќе биде светска супер сила место САД, а другото е дека ќе се открие нов облик на енергија од Венера.

Кинеската економија континуирано расте. Во 1970 година изнесуваше се на се 4,1 отсто од светската економија додека во 2015 година 15,6 отсто и продолжува да расте. Се уште не ја престигнала САД, но тоа може да се случи.

Кога станува збор за Венера, се уште не постојат планирани мисии на оваа планета, но во 2018 година сонда која треба да стигне до Сонцето ќе ја користи гравитацијата на Венера за да се упати на вистинскиот пат.

Баба Ванѓа предвиде и дека:

Гладот како светски феномен ќе исчезне од 2025 до 2028 година

Поларните капи на Арктикот ќе се стопат што ќе предизвика раст на нивото на морето од 2033 до 2045 година. Истовремено муслиманите ќе ја заземат Европа.

Лекарите ќе може да ја излечат секоја болест. Америка ќе го нападне „муслиманскиот Рим“ користејќи климатско оружје.

Меѓу 2072 и 2086 година се враќа комунизмот.

Меѓу 2170 и 2256 година колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе бара независност од Земјата.

Меѓу 2262 и 2304 година ќе патуваме низ времето.

Од 2341 година ќе се случат бројни природни и вештачки катастрофи кои ги предизвикал човекот, што ќе доведе до тоа Земјата да биде ненаселива. Луѓето, ќе побегнат во друг соларен систем.

Од 4302 до 4674 година луѓето стануваат бесмртни и ќе се асимилираат со вонземјани.

Крајот на светот настапува во 5079 година.