Прекинат бојкотот: Шестоодделениците се вратија на настава во ОУ Љубен Лапе

од Берта Китинска

Бојкотот на часовите по математика во шестите одделенија во ООУ Љубен Лапе – Скопје, од вторникот е официјално прекинат, информираат од Советот на родители.

-Имено, причината за прекинот на бојкотот е отпочнување на разрешување на целиот случај со наставничката по сите наши вложени напори за нашите ученици. Како што сме информирани обезбеден е заменски наставник по предметот математика од друго училиште, а во врска со проблемот со претходната наставничка Анета Костоска, училиштето презема активности и постапува согласно дадени насоки од Државниот просветен инспекторат (по поднесени пријави од родители и од Советот на родители) и оттука за било какви детални податоци во однос на целиот случај да ги обезбедите преку раководството и стручните соработници на училиштето, соопштија од Советот.

Бојкотот на наставата по предметот математика во три паралелки од шесто одделение во основното училиште „Љубен Лапе” беше поради барање да се најде замена за наставничката Анета Костоска, поради чие однесување со децата незадоволството на родителите прерасна во организирано барање до надлежните за итно решение.

Слични содржини