ПРЕЛИМИНАРЕН ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ПОТЕКЛОТО НА КОВИД-19: Кој е првиот регистриран случај во светот?

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Прелиминарниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот ќе препорача поопширно пребарување контакти на првиот познат пациент со ковид-19 во Вухан, Кина, како и синџирoт на снабдување на скоро 10 трговци на пазарот за морска храна во Хуанан, за кои се смета дека имале улога во раното ширење на ковид-19 кон крајот на 2019 година.

Како што за Си-Ен-Ен навеле истражувачите запознаени со нацрт-извештајот, на кинеските научници им требале многу месеци да ја направат почетната истражна работа за потеклото на вирусот.

Тие рекоа дека сметаат дека е изненадувачки и неверојатно што кинеските научници веќе не ја завршиле таа работа.

Препораките на комисијата ќе се осврнат, меѓу другото, на двете клучни линии на истрагата, велат истражителите запознаени со нацрт-извештајот за Си-Ен-Ен.

Прво ќе биде побарана понатамошна работа за историјата на контактите на пациентот од Вухан кој се разболел на 8 декември 2019 година, што е прв случај за кој кинеските научници и панелот на СЗО наведоа дека заболел од ковид-19.

Идентитетот на пациентот не е објавен, но, според истражителите на СЗО, станува збор за канцелариски работник на околу 40-тина години, кој не патувал на егзотични дестинации или имал историја на контакти, а живеел со сопругата и детето.

Во прелиминарниот извештај што ќе биде презентиран следната недела, одборот на СЗО исто така ќе препорача директна истрага за синџирот на снабдување на пазарот на морски плодови во Хуанан, соопштија истражителите запознаени со нацрт-извештајот, пренесе „Танјуг“.

Лидерот на мисијата на СЗО Питер Бен Ембарек одби да ги коментира деталите за секое понатамошно пребарување или тестирање на контактите кои се потребни.

Тој за Си-Ен-Ен изјави дека се потребни дополнителни истражувања.

Други научници изразија изненадување, па дури и неверување дека Кина очигледно не извршила понатамошни истражувања, како во историјата на контакти на првиот пациент, така и во синџирот на снабдување на пазарот во Хуанан, побарани од СЗО.

Слични содржини