Премиер лигата го одобри договорот за промена на сопственоста на Челси

од Vladimir Zorba

Англиската Премиер лига го одобри договорот за купување на Челси. „Сините“ ќе бидат во сопственост на конзорциум предводен од Тод Боли, еден од сопствениците на бејзбол клубот Лос Анџелес Доџерс во САД.

„Одборот одобри промена на сопственоста на Челси“, се вели во соопштението на Премиер лигата во вторникот.

Британската влада, исто така, мора да го одобри договорот вреден повеќе од 2,5 милијарди фунти.

Ова е највисоката цена платена за спортска екипа. Досега, „сините“ беа во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, чиј имот беше замрзнат во март поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини