Премиерот демантира дека разговарал со Заев за враќање на Груевски

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски демантира дека бил во било каква комуникација со екс-премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев околу комбинаторики за враќање на екс-премиерот Никола Груевски во земјава.

Тој денеска одговараше на новинарски прашања и рече дека за Груевски е распишана потерница и тој навистина треба да се врати во Македонија, но за да се соочи со правдата во согласност со македонските закони.

-Прво не сум имал состанок со поранешниот претседател на СДСМ. По состанокот којшто го имавме на телото за стратегија во СДСМ, каде што членуваат поранешни претседатели, секретари итн., ниту пак сме имале состанок заедно со генералниот секретар, рече Ковачевски.

За мене најискрено да ви кажам не е ни актуелна во врска со враќање на поранешниот претседател на владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа е депласирана тема бидејќи за него има потерница да се врати во Македонија, но треба да се врати за да се соочи со казната согласно законите и согласно она што е донесено од правосудните органи, додаде премиерот при посетата на скопска Пивара.

Утрово некои од медиумите објавија дека Заев му се заканил на раководството на СДСМ дека ќе тргне против него ако продолжи да соработува со ДУИ во нивната акција за враќање на Груевски.

Слични содржини