Премиерот ги нарече ДУИ „политички глодари“ и порача дека утре во Уставниот суд нема ништо да се случи

од Nikola Popovski
98 прегледи

Околу изнесените документи во јавноста дека утре (11.12) Уставниот суд нема да одлучува околу евентуалната укинување на службената употреба на албанскиот јазик, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на раководството на ДУИ „многу им е јасно како функционира судот“ и дека „во детали ги бирале судиите“.

Според него, во ДУИ „точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение, најпрвин имаме надлежниот судија да им објасни на своите колеги по јавна дискусија и расправа“. Мицкоски тврди дека процесот може да трае со месеци, а можеби и со години.

-Нивната цел беше сега како политички глодари да начекаат и да видат дека, еве сега „знаеме како одат процедурите и ние ќе правиле политички притисок“. И кога ништо утре нема да се случи, да излезат во јавноста и да кажат еве поради тоа што ние правевме притисок, се одложи сето ова. На нив многу им е јасно како функционираат работите. Ги молам нашите сограѓани Македонци, Албанци и сите да бидат смирени и да не дозволиме да наседнуваме на провокациите на овие луѓе. Не ни е потребно. Тие луѓе завршија на 8-ми мај. Ништо нема да се случи. Целата ситуација е под контрола, кажа Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Централното претседателство на ДУИ и лидерите на „Европскиот фронт“ вчера беа на координативен состанок во Мала Речица. Откако пред Уставниот суд ја започнаа стражата за јазикот, од ДУИ велат тоа е стража на разумот. Според интегративците, владејачките структури преку укинувањето одредби од Законот за употреба на јазиците сакаат да ги демонтираат столбовите на мултиетничка Македонија.

Слични содржини