Премиерот на БиХ позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski
199 прегледи

Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е позитивен на Ковид-19, потврдуваат босанските медиуми.

Пред неколку дена, секретарот во Федералното министерство за работи на ветерани бил тестиран позитивен за коронавирусот, а бидејќи Владата на ФБиХ се наоѓа во истата зграда, биле тестирани сите вработени во неа.

Денес, резултатите покажале дека федералниот премиер се заразил со Ковид-19.

Новалиќ веќе неколку пати бил тестиран за коронавирусот и досега секој резултат бил негативен.