Овие два дена заедно со граѓаните ја чувствуваме европската фудбалска еуфорија.
Додека вниманието на љубителите на фудбалот е насочено кон нашата земја, на стадионот во Скопје одлична атмосфера. Се радува фудбалска Македонија, се радува фудбалскиот свет.
Овие два дена заедно со граѓаните ја чувствуваме европската фудбалска еуфорија. Честитки до сите кои беа вклучени во организација, Македонија потврдува дека е добар домаќин!
Ова го напиша премиерот Зоран Заев од Телеком арената каде се играше натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед за трофеј во Суперкупот.
Премиерот е фотографиран со познатиот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина.
