Премијата за американската игра на среќа „Мега милиони“ се зголеми на 654 милиони долари.
Оваа сума е четврта најголема досега во историјата на САД. 
Наградата последен пат во јули оваа година ја освоија група играчи од Калифорнија и таа тогаш изнесуваше 543 милиони долари.
Во случај некој да ја добие премијата и се одлучи за наградата од 654 милиони долари, таа ќе му биде исплаќана во рати во период од 29 години. Добитниците имаат опција да земат и помала награда, но во готовина, и таа во овој случај изнесува 372 милиони долари.