Премногу сон во текот на викендот е лошо за организмот

од desk2
287 прегледи

Излежување и премногу спиење за време на викендот никогаш нема да ги надополни штетните последици од промените на динамиката за спиење во текот на работната недела, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Колорадо.

“Помалку сон во текот на работната недела е вообичаено, бидејќи луѓето се обидуваат да ја избалансираат работата со семејството и социјалните обврски”, велат истражувачите.

Сонот, меѓутоа има клучна улога во регулирањето на метаболичките процеси во организмот, влијаејќи на сè од варење до стрес, а пократкото спиење во подолг период е поврзано со зголемен ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

“Краткото спиење за време на работната или училишна недела предизвикува луѓето да јадат повеќе отколку што им е потребно, а тоа доведува до зголемување на тежината”, вели професорот Кен Рајт.

“Кога јадат повеќе, имаат потреба да јадат грицки после вечера, што доведува до намалување на способностите за регулирање на нивото на шеќер во крвта”, се наведува во студијата.

Во испитувањето учествувале 36 здрави возрасни лица под 40 години. Во текот на две недели во лабараториски услови било следено нивното ниво на внесување на храна, изложување на светлина и сон. Учесниците биле поделени во три групи: на една ѝ било дозволено да спие девет часа навечер, а на другата пет.

Третата група имала ограничен сон пет дена со ред, но им дозволиле да спијат онолку колку што сакаат во текот на викендот, за потоа да се вратат во динамиката на работната недела со ограничено спиење.

Истражувачкиот тим откри дека викенд групата пријави повеќе “нарушен сон” и успеа да се одмори околу 66 минути за викендот.

Експертите им препорачуваат на возрасните да одржуваат околу седум часа сон за да имаат добро здравје.

Слични содржини