Препознајте ги на време симптомите за недостаток на железо во организмот

од Stefanija Kuzmanovska

Многу е важно вашето тело да добива доволно витамини и минерали за да функционира нормално. Недостатокот на железо може да предизвика сериозни последици, затоа е важно на време да ги препознаете симптомите, пишува Daily Star.

Недостатокот на железо нè прави чувствителни на инфекции, болести и го зголемува ризикот од развој на некои срцеви заболувања. До недостаток доаѓа кога бројот на црвени крвни зрнца е помал од тоа што е нормално.

Железото е потребно за да се создава хемоглобин, ако го нема доволно во телото тогаш ткивата и мускулите не добиваат доволно кислород и не можат да работат како што треба.

На кои симптоми треба да се обрне внимание?

– умор и недостаток на енергија

– губење на воздух

– проблеми со срцето

– бледа кожа

– главоболка

– промени во чувството за вкус

– чешање

– паѓање на косата

Пожелно е да се внесува храна богата со железо како месо, риба и зелен лиснат зеленчук.

Слични содржини