Преспа добива европски фонд тежок 18 милиони евра

од Vladimir Zorba

Преспа како уникатен екосистем со подеднакво уникатна геополитичка позиција која обединува три држави на југот на Балканот добива европски фонд тежок 18 милиони евра.

Програмата ЕУ за Преспа е наменета за развој на инфраструктурата, заштита на човековата околина и богатиот биодиверзитет, земјоделието, туризмот и соработката на населението од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро.

„ЕУ наскоро ќе ја зголеми финансиската помош во рамки на програмата на ЕУ за Преспа, главно таа ќе опфаќа неколку активности кои сметаме дека ќе започнат многу скоро> Овие активности опфаќаат отворање на границата и градежни работи за отворање на границата со Р. Грција како и прочистителни станици за отпадните води и менаџирање со цврстиот отпад, како и други активности кои ЕУ ќе ги преземе за промоција на туризмот и животната средина како и помош за разни бизниси кои се активни во овој регион“, изјави амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир при неговата вчерашна посета на регионот.

При посетата на општината Ресен, амбасадорот Гир оствари и средба со граѓани и претставници на невладиниот сектор во овој регион.

Слични содржини