
Тврдењата за улогата на Фетхуллах Гулен во неуспешниот обид за државен удар во Турција “не се целосна глупост”, изјави првиот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс во интервју. Во интервјуто за белгискиот весник, објавено на 15 ноември, Тимерманс рече дека истрагите на САД насочуваат кон “зголемените знаци дека движењето [на Гулен] сигурно одиграло улога” во обидот за преврат.
“Сега е јасно дека она што претседателот Реџеп Таип Ердоган го вели за улогата на ѓуленисткото движење во обидот за преврат не е глупост”, изјави Тимерманс, цитиран од весникот “Хуриет”.

“Мислам дека Турците имаат право кога велат дека имало многу малку емпатија од надворешниот свет кон неуспешниот удар”, додаде Тимерманс. Тој исто така изјави дека Европа го “потценува она што се случува” во Турција.

Изјавата на Тимерманс е прв случај во кој висок претставник на Европската комисија зборува за учеството на Гулен во обидот за преврат.