Претрес во тетовско, пронајдена дрога

од Stefanija Kuzmanovska

На 03.11.2023 во 23.05 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини