Претреси во Свети Николе, приведени тројца дилери

од Vladimir Zorba

Денеска од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и ОВР Свети Николе лишени се од слобода A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана.

По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат оттаму.

Слични содржини