Канцеларијата на Украинското Специјално обвинителство за борба против корупцијата денеска соопшти дека претседател на Врховниот суд на Украина е приведен поради сомнение за учество во корупциска шема.
Обвинителството не го именуваше приведениот функционер, но на новинарите им беше кажано дека станува збор за човек кој бил на чело на Врховниот суд, а на осомничениот се уште не му е доставено обвинението, пренесува „Ројтерс“.
Врховниот суд во моментов го води главниот судија Всеволод Књазиев, кој не бил достапен за коментар.