Претседателката на Молдавија: Ќе побараме помош од сојузниците во случај на конфликт со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денеска на прес-конференција во Букурешт изјави дека ќе побара помош од нејзините сојузници во случај на воен конфликт со Русија.

„Ги разгледуваме сите опции, вклучително и најпесимистичките, па ако Русија ја нападне Молдавија, тогаш ќе побараме помош“, рече Санду, одговарајќи на прашање на романски новинар да коментира за такво сценарио, но не објасни зошто Русија би одлучила да започне воена акција, пренесе агенцијата РИА Новости.

Санду е во официјална посета на Романија на покана на нејзиниот колега Клаус Јоханис.

Слични содржини