Претседателот на Бугарија во самоизолација

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе биде во самоизолација додека ги чека резултатите од тестот за коронавирусот, бидејќи на крајот на минатата недела бил во контакт со висок воен службеник, кој подоцна доби позитивен тест за „Ковид-19“, објави денеска бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов.

Радев ја скрати посетата на Естонија, каде отпатува во понеделникот, и вечерва се врати во Софија, каде на аеродромот им покажа на новинарите негативен резултат од тестот за коронавирусот, кој му беше извршен за време на патувањето.

Сепак, министерот Ангелов вели дека Радев мора да оди во самоизолација како претпазливост, бидејќи во петокот бил во контакт со командантот на бугарските воздухопловни сили.

Ројтерс наведува дека не е јасно кога Радев повторно ќе биде тестиран за вирусот или колку долго ќе треба да биде во карантин, но дека претседателот рече дека нема никакви симптоми.

„Од почетокот на кризата, јас бев во постојан контакт со илјадници луѓе низ целата земја, но строго се придржувам до сите здравствени мерки и немав никакви проблеми, ниту ги имам сега. Јас сум во совршена физичка состојба, без никакви симптоми – рече пак Радев.

Слични содржини