Претседателот на руската дума предлага да се конфискува имотот на Русите кои ја напуштиле Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, предложи да се конфискува имотот на руските државјани кои заминале во странство и давале навредливи изјави против Русија и нејзината армија.

„Би било коректно соодветните членови од Кривичниот законик да бидат дополнети со клаузула за конфискација на имот во Руската Федерација, која тие ја имаат доволно за да ја надоместат предизвиканата штета“, напиша денеска Володин на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека ова се однесува на руски државјани кои во последно време „мислат дека можат да ја навредат Русија, нејзините граѓани, војници и офицери“, пренесува „Интерфакс“.

Слични содржини