338
Во тек е втората Парада на гордоста која се одржува под мотото „Вон ѕидовите“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Претседателот Стево Пендаровски, министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин денеска се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на Парадата на гордоста.
Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.
Парадата започна од паркот кај „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.
Фото:Принтскрин