Претставници од Кабинетот на Пендаровски оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

од Vladimir Zorba

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак” во Прилеп.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, додека делегација во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност и одбрана положија цвеќе пред комплексот „Карпалак” во Прилеп.

Слични содржини