Причината за смртта на ракометарот Тот е престанок на работа на срце или на дишење, вели д-р Мојсова

од Nikola Popovski

Дури и да ја знаевме повредата на ’рбетниот мозок, курсот на лекување ќе остане ист, рече докторката Маја Мојсова-Миовска од КАРИЛ, која сведочеше во судскиот процес за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје ноќта од 6 кон 7 април, за што обвинети се три лица.

Таа кажала дека учествувала во лекувањето на Тот на 7 април, како и наредниот ден кога тој почина. Мојсова вели дека причината за смртта генерално е престанок на работа на срце или на дишење.

-За жал ние сме анестезиолози и немаме алатка која што може да ни даде увид во тоа која е главната причина за смртта, ние во тој момент немавме податок, рекла таа.

Прашана какви надворешни повреди биле забележан при приемот, одговори дека на видливите регии не успеале да видат нешто што ќе ја објасни состојбата на престанок на работа на срце и престанок на дишење.

– До моментот кога пациентот почина немавме никаков податок што се случило со тој пациент, вели докторката.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Слични содржини