Придњестровје: Од територијата на Украина пукано на нашите магацини за оружје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи на самопрогласената Република Придњестровје денеска соопшти дека од територијата на Украина било пукано врз магацини за оружје во близина на селото Колбасна на нејзина територија.

„Утрото на 27 април, во 8:45 часот по локално време, беше отворен оган од украинска страна во правец на станбената зона Колбасна“, соопшти Министерството на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.

Во соопштението се наведува дека синоќа над селото Колбасна во областа Рибница биле забележани неколку беспилотни летала, а на територијата на Придњестровје од Украина биле лансирани дронови, наведува руската агенција.

Слични содржини