Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија за ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Србија 2021-2027 година, усвоена од ЕК на 03.06.2022 година и го прифати усогласениот текст на Спогодбата.
Определен е заменикот на претседателот на Владата за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, во името на Владата на Република Северна Македонија да ја потпише Спогодбата за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија.
Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Србија се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 3), кошто ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграцијата кон Унијата и унапредување на социо-економскиот развој.