Пригожин: При заземањето на Бахмут практично никој од руската армија не ни помогна

од Stefanija Kuzmanovska

Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ја минимизираше улогата на редовната руска армија во заземањето на Бахмут.

Во говорната порака објавена од неговата прес-служба на апликацијата Телеграм, Пригожин рече дека при заземањето на Артјомовск (Бахмут), практично никој од армијата не им помогнал, пренесе „Ројтерс“.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, претходно денеска изјави дека украинските сили делумно го опколиле Бахмут долж периметарот на градот и дека сè уште имаат контрола врз некои станбени области на градот.

Слични содржини