Вечерва блокирани се сите патишта кои водат кон зградата на Македонскиот народен театар. Според неофицијални информации, станува збор за пријава за експлозивна направа во театарот.
Полицијаци се распоредени околу објектот, а засега нема информации дали пријавата е лажна.
Полиција има и кај Македонската радио телевизија.