Приказната за Дедо Мраз може да го наруши односот родител – дете

од Vladimir Zorba
114 прегледи

На неколку недели пред Божик, децата традиционално го составуваат својот список желби, што потоа ќе „го испратат до Дедо Мраз“.dedo1

За милиони деца ширум светот верувањето во приказната за дарежливиот старец со долга бела брада е најважниот дел од божиќните и новогодишните празници.

Но, осознавањето дека тоа е само измислена приказна, може да биде големо разочарување.

Двајцата угледни британски психолози Кристофер Бојл и Кети Меккеј сметаат дека соочувањето на детето со вистината може трајно да го наруши неговиот однос и посебно довербата кон родителот. Тоа особено, ако детето од трето лице дознае дека дотогаш родителот го лажел.

– Кога децата дознаваат дека родителите со години ги лажеле, почнуваат да се прашуваат што уште во животот е лага. Самата приказна за награда за примерното однесување може да биде протолкувана како „себична желба на родителот“ да се врати во своето детство, сметаат психолозите.