Приказната за градот кој нудеше по 2.000 евра има тажен крај: се јавија дури 17.000 луѓе

од desk3
96 прегледи

Градоначалникот на селото Бормида, Даниел Галијано, ветуваше по 2.000 евра на секoј кој ќе сака да се пресели во ова италијанско село кое има 394 жители.

Тој рече дека од јавните фондови ќе одвојува субвенци за кирии кои би можеле да бидтат околу 50 евра месечно. Но, неговата замисла наиде на многу поголем број заинтересирани отколку што Галијано очекувал, поради тоа решил и да ја повлече одлуката.

Локалните власти во рок од неколку дена ги контактирале дури 17.000 луѓе, што е за 43 пати повеќе од сегашниот  број на жители. Галијано после тоа на профилот на социјланата мрежа ФБ напиша дека  иницијативата за “била само идеја” а не и “пoлитика”.
Сепак тој не ја отфрлил можноста  еден ден оваа идеја се спроведе и во дело. Напишал и тоа дека веста е интерпретирана на погрешен начин што предизвикало лажни очекувања за потенцијалните жители на Бормида.