Чешката Република е меѓу првите земји што им дозволи на своите граѓаните да патувааат во странство, не само за работа, туку и за одмор, така што чешкиот модел би можел да послужи и како пример за решение за летните одмори оваа година. 
Одлуката стапува во сила на 24 април, пренесува чешкиот „Новинки“.
„Чесите кои ќе патуваат надвор од матичната земја, треба да докажат преку тестирање при нивното враќање, дека не се позитивни на коронавирусот или да останат во карантин две недели“, рече чешкиот министер за здравство, Адам Војтех.
Тест за коронавирус не смее да биде постар повеќе од четири дена.
Министерот за внатрешни работи на Република Чешка, Јан Хамачек, вели дека ова го олеснува враќањето на Чесите во земјата, додавајќи дека тој се залага за можноста да се покажат тестови за да се потврди дека некој е негативен на вирусот и со тоа да се избегне карантинот.
Покрај патувањето за своите граѓани, Чешка им дозволи и на странците да влезат во земјата.
Покрај овие, влегуваат во сила и други олеснувања, како што е укинувањето на забраната за движење и дозволувањето на јавни собири до 10 лица. Досега тој број изнесуваше максимум двајца.
Вонредната состојба во Чешката Република беше воведена на 12 март, кога патувањето во најризичните земји било забрането, а исто така и пристигнувањето од тие земји.