Кралскиот наследник принцот Хари е вљубен. Според австралиските медиуми срцето му го украла грчката принцеза Марија – Олимпија.

Prince-Harry-217023-500x334

31-годишниот Хари се запознал со русокосата аристократка благодарение на братучетка му Беатрис, која ги запознала.

Princess-Maria-Olympia-217024-500x0

“Таа му го освои срцето. Двајцата веќе излегоа на неколку состаноци и дури планираат да одат на скијање во Швајцарија пред Велигден “, откри извор, кој сакал да остане анонимен.

Princess-Maria-Olympia-3-217022-500x0

Според блиските на Хари тој одамна не бил толку среќен. Од кралското семејство во Лондон одбија да дадат коментар за евентуален нов член на фамилијата.

Princess-Maria-Olympia-2-217021-500x0
19-годишната убавица е ќерка на принцот Павлос од Грција и принцезата Мари Шантал. Нејзиниот дедо, грчкиот крал Константин Втори абдицира во 1973 година. Девојката живее во Лондон, но сака да патува и да се забавува, исто како Хари.

Родена во Њујорк и пораснала во Лондон, таа е најстарата од петте деца и единствената девојка во семејството.

Слични содржини