Принцот Хари пристигна во Лондон и веднаш отишол да го види својот татко

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помладиот син на кралот Чарлс Трети, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да бидат покрај својот татко, кому му беше дијагностициран рак.

Да потсетиме, Бакингемската палата вчера излезе со соопштение во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е наведено од кој вид на рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и неговата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари откако дознал дека татко му е болен, синоќа итно организирал патување и полетал од Лос Анџелес, а како што пренесуваат медиумите, денеска пристигнал во Лондон.

Војводата од Сасекс денеска пристигнал во Лондон околу пладне, а наводно веднаш се упатил да го види својот татко, кој моментално се наоѓа во Кларенс Хаус.

Извор близок до принцот Хари потврдил дека Хари лично разговарал со својот татко за ужасната дијагноза и дека веднаш било одлучено да отпатува во Велика Британија за да се види со неговото височество.

Хари, изгледа, пристигнал сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл останала со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка.

Со оглед на тоа што принцот Хари „ја напушти“ Америка за да се види со својот татко, се верува дека тие двајца конечно повторно ќе се зближат по заладените односи.

Хари, како што е познато, има проблематичен однос со неговиот татко, иако тие останаа во контакт, но неговиот долгогодишен раскол со принцот од Велс продолжува.

Слични содржини