Принцезата Дајана слушнала нешто што не требало

од desk2
100 прегледи

Принцезата Дајана го фатила принцот Чарлс како седи во тоалетот и води интимни разговори со Камила Паркер Боулс, наведуваат британските медиуми повикувајќи се на новооткриени снимки.


Покојната принцеза од Велс ја опишала љубовницата на својот сопруг како повулгарна од него, откако го слушнала нивниот експлицитен разговор. Таа зборува и за желбата да го спречи Чарлс да стане крал, пишува Дејли Меил.

Овие тврдења се изнесени во 12 часовнио, до сега невиден, видео материјал во кој Дајана ја отвора душата и за многу други кралски тајни и тоа неколку месеци пред смртта на 31 август 1997 година.

Овие снимки немаат врска со оние направени пет години порано во текот на разговорот со тренерот за јавен настап Питер Сетелен, кој вечерва прв пат ќе биде емитуван, по долга правна битка во врска со правата на прикажување. Сетелен своите интервјуа со Дајана ги снимал од 1992 година, три месеци пред разидувањето на кралската двојка до декември 1993 година.


Авторот на новите снимки, настанати неколку недели пред нејзината смрт, анонимно говори за нив.
Магазинот Сан пишува дека снимателот во тоа време работел во BBC, кога една вечер бил повикан во палатата Кенсингтон да направи неколку снимки. За тоа му е исплатено 5.000 фунти.

Тој водел дневник за средбите со Дајана и во него запишал: „Дајана опиша како еднаш се нашла во ситуација да чуе телефонски разговор меѓу Чарлс и Камила. Чарлс седел на WC шољата кога го фатила. Разговорот се сведувал на секс по телефон, во кој каммила била многу поелоквентна од Чарлс“.
Дајана тогаш зборувала и за својата желба да го спречи Чарлс да стане крал и место тоа да чека нејзиниот најстар син Вилијан да порасне и да го преземе престолот.

Снимателот запишал: „Сакаше Вилијам да дојде на престолот кога ќе умре кралицата. Дајана јасно ја гледа нејзината улога како сила која би стоела зад Вилијам. Имаше некаква романтична идеја да биде творец на кралот, мајка зад монархот“.

Снимателот кој денеска живее во Америка, опишува дека кога влегувал во кенсингтон бил окружен од полицајци. Вели дека се плашел дека тајната служба MI5 може да го прислушува неговиот разговор со принцезата.

Овие тврдења се појавија само неколку часа пред вечерашното прикажување на до сега невиденото интервју со Принцезата од Велс, која ја сними Питер Сетелен.