Војводата од Сасекс минатата седмица престојуваше во главниот град на Италија каде присуствуваше на хуманитарен настан на кој се собирани парични средства за заболените од СИДА.

Новопечениот татко бил препознаен од една патничка која своето искуство го споделила на социјалните мрежи.
„Ми се причини дека човекот кој седи блиску до мене личи на принцот Хари. Забележав дека изгледа уморно и дека има бурма на раката. Ми се причини дека човекот кој седи до него наликува на телохранител. Кога малку подобро погледнав сфатив дека е тоа всушност тој“, рекла патничката.
Вели и дека забележал дека го препознала и само се насмеал и и’ рекол „Здраво“.
Многумина на социјалните мрежи коментираа колку Хари е скромен и поради тоа што избрал да патува со комерцијален лет и го споредуваат со неговата мајка, принцезата Дијана.