Природни лекови против покачен холестерол

од desk2
357 прегледи

За холестеролот важи правилото: „Подобро да се спречи отколку да се лечи“. Доколку сакате да се заштитите од оваа состојба или веќе страдате од покачен холестерол и сакате да го намалите, тогаш погледнете ги следниве трикови коишто ќе ви бидат од голема помош.

1. Почнете го денот со овесна кажа со печени бадеми и малку лен
Комбинацијата на растворливи влакна и антивоспалителни омега-3 киселини го смалуваат холестеролот, ЛДЛ и триглицеридите од 10 до 30%.

2. Најдете време за јога и медитација
Во една студија се докажало дека мажите кои практикуваат вештини што го ублажуваат стресот имаат од 6 до 20% понизок холестерол.

3. Испијте чаша бело вино
Комбинацијата на етанол со антиоксидантите во белото вино го смалуваат холестеролот, а тоа може позитивно да влијае и на вашето срце.

4. Јадете многу целер
Целерот го прочистува црниот дроб, го смалува шеќерот и го нормализира крвниот притисок. Тој се користи и за чистење на организмот и за зајакнување на нервите. Најдобро е да се јаде сиров.

Слични содржини