Природниот сателит на Земјата е всушност “изгубената” планета Фаетон, тврди астроном

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Месечината ни е подарок од вонземјани. Нејзиното основање е со цел да се роди живот на нашата планета. Ова го тврди рускиот астроном и истражувач Владимир Ковал, соопшти esoreiter.ru.

Тој потсетува дека дијаметарот на Месечината и нејзината оддалеченост од земјата е таква што при затемнувањето дискот на Месечината го крие Сонцето од нашите очи. Владимир Ковал е убеден дека тоа не може да е случајно. Сите параметри биле внимателно пресметани, но од кого?

Веројатно од вонземјани, додава астрономот. Тој е сигурен дека Месечината е всушност “изгубената” планета Фаетон, која требало да биде помеѓу Марс и Јупитер. Според Ковал вонземјаните ја преселиле Фаетон и така го создале системот Земја – Месечина. Можно е да се го сториле тоа, за да се роди живот на нашата планета.