Актуелно
Почетна / Хроника / Притворен полициски службеник кој земал мито

Притворен полициски службеник кој земал мито

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

loading...