Притворите на бегалците од СЈО- интересни и за судскиот совет

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Дали жалбата го одложува притворот, како во случајот со бегалците Грујевски и Бошковски, претседателот на Судскиот совет Караџоски не сакаше да го каже својот став, но рече дека Советот направил контрола во Основниот и Апелациониот суд и утврдиле дека процедурата и рокови на одлучување биле почитувани, информира Телма.

Советот денеска одржа седница со која единствена точка беше разгледување на Известување доставено од Основен суд Скопје 1.

Седницата беше затворена за јавност а новинарите останаа без официјален одговор, какво е тоа известување од кривичен за кое за време на ферија Судскиот совет закажа седница. Караџоски само рече дека е поврзано со стручно техничката работа на судот.

Телма од судски извори дознава дека известувањето е поврзано со барање за имунитет на судии, но за кој предмет и други детлаи немало, поради што Советот побарал дополнитлени списи од судот.

Огласот за избор на Претседател на Кривичниот суд заврши со бројка од осуммина кандидати. Првиот човек на судски вели дека процедурата ќе продолжи со тестови за интегритет, психолошки тестови и интервјуа за кандидатите. Самиот избор можно е да се одложи за по локалните избори, но ќе чекаат насока од антикорупциската комисија како да постапат.