Приватниците го блокираат влезот на централата на ЈСП во Автокоманда (ФОТО)

од Nikola Popovski

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово го блокираат влезот на централата на ЈСП Скопје во населбата Автокоманда, каде е предвидено да одржат и помал протест.

На подрачјето на јавното претпријатие има и полициски екипи.

За подоцна денеска најавено е дека приватните превозници ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за наоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат.

Како дозна „Локално“, претходно приватните превозници се обиделе да го блокираат излезот на автобусите на ЈСП Скопје пред гаражите.

Според информациите, имало обид за блокада на гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда.

Веќе петти ден како трае штрајкот на превозниците од „Слобода превоз“, придружени од „Макекспрес“. Проблемите меѓу ЈСП и приватните превозници предизвикаа хаос во јавниот превоз во главниот град.

Од „Слобода превоз“ бараат да им се исплати долгот од ЈСП, кој според нив, изнесува над 1,5 милиони евра.

Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ функционираат со 15 автобуски линии.

Фото: Локално

Слични содржини